недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дрога вредна 35 милиони евра: Чист кокаин најден во пратка со ракчиња, уапсен Албанец

Дрога вредна 35 милиони евра: Чист кокаин најден во пратка со ракчиња, уапсен Албанец

Италијанската полиција запленила 50 килограми кокаин скриен во контејнер со замрзнати ракчиња, натоварен во Еквадор.

-Во контејнерот требало да има само еден товар, замрзнати ракчиња од Еквадор, пратка со храна наменета за Тоскана, но меѓу овој товар имало и 50 килограми многу чист кокаин чија вредност на пазарот достигнува 35 милиони евра, јавија албанските медиуми.

Според италијанската полиција, дрогата е запленета во пристаништето Ливорно, а уапсено е лице со албанска националност, Ислам Курти (23) пријавен како ѕидар кој живеел во Сан Миниато.

-Кокаинот бил спакуван во 45 целофански пакетчиња со логото на Audi и моделот на автомобилот RS 6, престижен спортски автомобил од германската автомобилска групација. Како што често се случува, завиткувањето на пакувањата било на кодиран јазик за да покаже дека тие се оние што треба да се земат, наведуваат медиумите.