четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Два острова во Индонезија целосно исчезнаа поради глобалното затоплување

Два острова во Индонезија целосно исчезнаа поради глобалното затоплување

Два ненаселени острова во индонезиската провинција Јужна Суматра се целосно исчезнати под вода како резултат на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување. Тоа го објави весникот „Стрејт тајмс“, цитирајќи ги податоците од локалниот Форум за заштита на животната средина.

„Бетските и Гундулските острови сега се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво“, рече шефот на таа невладина организација, Хајрул Собри.

„Доколку не се преземе итна акција, на уште четири острови во рамките на таа провинција им се заканува исчезнување“, предупредува експертот.