Дваесет земји ветија дека ќе и достават оружје на Украина за да и помогнат да се спротивстави на руските сили, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на прес-конференција во Пентагон.
-Денешната средба помина многу добро, изјави тој.
-Многу земји ќе обезбедат артилериска муниција, системи за крајбрежна стража, тенкови и други оклопни возила што се потребни на армијата на Киев, додаде тој по состанокот на контакт групата за Украина.
Остин изрази посебна благодарност до Данска, која ќе обезбеди ракети Харпун за заштита на брегот на Украина. (МИА)