петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Двајца лидери на џихадистичката група ИД се убиени во напад на американските сили во источна Сирија, соопшти денеска американската воена команда за Блискиот Исток.

Таа команда наведе дека нејзините сили „успешно извршиле хеликоптерски напад во источна Сирија“ рано утринава и убиле „двајца лидери на Исламската држава“.

Еден од нив е идентификуван како Анас, водач на група во Сирија која „учествувала во планирањето крвави операции“ на истокот на земјата.  Командата не објави ништо за другиот лидер.

„Првата проценка укажува дека нема цивилни жртви“, се додава во соопштението. (МИА)