четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двајца загинати , четворица исчезнати во силен тајфун во Јапонија (ВИДЕО)

Двајца загинати , четворица исчезнати во силен тајфун во Јапонија (ВИДЕО)

Одрон погоди куќа во селото Шииба на јужниот остров Кјушу, оставајќи затрупани четири лица, меѓу кои и двајца работници од Виетнам, а едно е повредено, јавија локалните медиуми.

Две лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени, според „Кјодо њуз“, кога втор тајфун ја погоди јужна Јапонија за една недела и пустошеше по Кјушу од неделата навечер до понеделникот наутро.

Властите објавија дека околу 1,8 милиони жители мора да бидат евакуирани поради невремето, а стотици илјади куќи и деловни простории останаа без електрична енергија.

Денеска, локалните трговски центри и супермаркети продолжија со работа по привременото затворање, а железничкиот сообраќај постепено се отвора.

Тајфунот Мајсак минатата недела ги помина островите Кјушу и Окинава, повредувајќи десетици луѓе пред да ослабне во четвртокот.

Товарен брод со 43 члена на екипажот и околу 5.800 грла говеда се превртел во близина на островот Амами Ошима во средата откако бил погоден од брановите предизвикани од тајфунот Мајсак.

Двајца членови на екипажот од Филипините биле спасени, едно тело е пронајдено, а десетици мртви говеда се удавија во океанот.