вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двојно повеќе молби за добивање азил во Австрија

Двојно повеќе молби за добивање азил во Австрија

Од јануари до јуни во Австрија вкупно 31.050 луѓе поднеле барање за азил, а најголемиот број од нив се државјани на Авганистан, со 7.325 апликации.

Во истиот период минатата година австриските власти добиле 10.876 барања за азил.

По Авганистанците, на второ место по бројот на барања за азил се Сиријците (6.680), Тунижаните (3.810), Пакистанците (3.110) и Индијците (2.025).

Последните три земји се сметаат за безбедни земји, па нивните граѓани речиси и да немаат шанси да добијат азил во Австрија.

Младите мажи сè уште се најбројни барателите на азил.

Според бројот на поднесени барања за азил измерени по глава на жител, Австрија е на петтото место во ЕУ, зад Германија, Франција, Шпанија и Италија.