Иако официјалните резултати од претседателските избори во САД во 2020 година сè уште не се објавени, Џо Бајден наводно веќе започнал план за транзиција за справување со клучните предизвици во земјата и за промена на неколку политики на администрацијата на Доналд Трамп.
Бајден може да го номинира поранешниот претседател Барак Обама за функцијата американски амбасадор во Велика Британија, пренесува весникот „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор.
-Слушнав дека постои можност Обама да биде назначен во знак на благодарност, тврди изворот.
Британските медиуми објавија дека потенцијалниот потег за назначување на Обама за амбасадор може да се покаже прилично непријатен за премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, со оглед на неговите претходни непријателски забелешки за поранешниот американски претседател.