четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори

Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби своето традиционално упориште Вандсворт во Лондон на локалните избори во Англија, првпат по 44 години.

Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија.

Лидерот на локалната конзервативна партија Рави Говиндиа истакна дека гласачите ја казниле партијата поради кризата предизвикана од зголемените животни трошоци.

Изборите се прв тест за Џонсон откако тој стана првиот британски лидер кој го прекршил законот додека бил на функција. Тој плати парична казна минатиот месец за присуство на роденденска забава во неговата канцеларија во 2020 година, непридржувајќи се кон мерките за одржување физичка дистанца, воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.

–Овие резултати потврдуваат дека гласачите ги казнија конзервативците, изјави Џон Куртис, професор по политички науки на Универзитетот Стратклајд.