Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон изјави дека се што се случува во Украина од утрово е многу лошо.
– Ова е катастрофа за нашиот континент, напиша Џонсон на својот Твитер профил.
Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните по повод руската инвазија на Украина.
– Ќе разговарам и со лидерите на Г7 и ќе повикам на итен состанок на лидерите на НАТО, средбата треба да се одржи што е можно поскоро – изјави Џонсон.