Британскиот премиер Борис Џонсон ги осуди „ужасните настани во Украина”, нагласувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „избрал пат на крвопролевање и уништување со тоа што започнал неиспровоциран напад”.
„Велика Британија и нашите сојузници ќе одговорат одлучно”, објави тој на Твитер.
Џонсон додаде дека разговарал со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.