Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект Европска политичка заедница, со цел Велика Британија по Брегзит повторно да се ангажира во Европа, соопшти Елисејската палата по средбата на Џонсон со францускиот претседател Емануел Макрон.
Во соопштението се наведува дека Макрон забележал голем ентузијазам кај Џонсон кога зборувал за Европската политичка заедница.
Макрон и Џонсон, на средбата, што се одржа на маргините на Самитот на Г-7, се согласиле дека сега е можен пресврт на текот на војната во Украина. (МИА)