сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Се радувам на соработката со Бајден

Џонсон: Се радувам на соработката со Бајден

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска, неколку часа пред инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД, изјави дека се радува на нивната соработка за „заедничките приоритети“.

– Како што реков кога разговарав со него за неговиот избор за претседател, се радувам на соработката со него и неговата нова администрација, на јакнењето на партнерството меѓу нашите земји и соработката на нашите заеднички приоритети: справување со климатските промени, намалување на ризикот од пандемијата и зајакнување на нашата трансатлантска безбедност, рече Џонсон во Парламентот.

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден денеска ќе положи заклетва во Вашингтон и официјално ќе стане 46-ти претседател на државата.