Велика Британија и Европската унија неделава постигнаа одреден напредок во трговските разговори, но и натаму има разлики, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.
Тој повтори дека неѓу двете преговарачки страни постојат разлики во прашањето на риболовот и еднаквите услови, пренесуваат британските медиуми.
-Неделава е постигнат одреден напредок, пред се во техничките области на преговорите, но и натаму има разлики, особено во риболовот, рече портпарлот пред новинарите.