Еден човек загина, а најмалку петмина се повредени откако патнички воз излета од шините недалеку од Барселона, соопшти шпанската полиција.
Инцидентот се случил по шест часот по локално време, поради свлечиште меѓу градовите Терас и Манреса во североисточниот дел на земјата, објави шпански „Ел Паис“ на својот сајт.
Во моментот на несреќата во возот имало 150 патници. Поради несреќата привремено е сопрен железничкиот сообраќај на таа линија.