Едно лице загина денеска при гаснењето шумски пожари во турската провинција Мугла.
Загинатиот е вработен во Турската дирекција за шумарство, пренесува агенцијата Анадолија.
Пожарот изби во шумата во близина на хотел во турското одморалиште Мармарис.
Голем број на пожарникари, како и шест хеликоптери, булдожери и цистерни за вода се борат против пожарот, кој постојано се шири со помош на ветерот.