Едно лице загина откако ракети го погодија единствениот аеродром кој функционира во либиската престолнина Триполи, соопшти управата на аеродромот.
Аеродромот Митига го прекина сообраќајот и ги пренасочи сите летови до градот Мисрата, кој се наоѓа 200 километри источно од Триполи.
Аеродромот е погоден повеќе пати откако силите лојални на генералот Халифа Хафтар започнаа офанзива за преземање на главниот град од меѓународно признатата влада, но ретко имало жртви.