сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Едно лице загина при уривањето на зградите на северот на Франција

Едно лице загина при уривањето на зградите на северот на Франција

Спасувачката служба денеска пронашла тело во урнатините на две згради во центарот на Лил на северот на Франција, соопштија локалните власти.
Се претпоставува дека се работи за телото на исчезнатиот 45-годишен лекар кој живеел во една од двете згради кои се урнаа во саботата.
Двете соседни згради се урнаа во прометна улица во центарот на Лил. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.

Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.

Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.

Локалното обвинителство отвори истрага, додека заменик министерот за станбени прашања Оливие Клајн утре ќе го посети местото на несреќата.