среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Едно лице загина во судирот на реморкер со танкер во Суецкиот канал

Едно лице загина во судирот на реморкер со танкер во Суецкиот канал

Еден од членовите на екипажот на реморкерот кој потона по судир со танкер во Суецкиот канал загина, изјави претседателот на поморската управа, адмирал Осама Рабиех, цитиран од египетските медиуми.

Останатите шест лица на шлеперот „Фахд“ се спасени и пренесени во болница.

Судирот се случил во областа Бала додека Чинагас Легенд, танкер за течен гас, бил на пат од Сингапур кон САД. Танкерот под знамето на Хонг Конг е со должина од 230 метри, ширина од 36 метри и носивост од 52 илјади тони.

Сообраќајот кон југ беше привремено блокиран, но е воспоставен преку обиколницата кон исток.