четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕК не гледа проблем Илон Маск да биде единствен сопственик на Твитер

ЕК не гледа проблем Илон Маск да биде единствен сопственик на Твитер

Европската Комисија не ја коментира можната одлука милијардерот Илон Маск да стане единствен сопственик на популарната социјална мрежа Твитер, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е одговорот на Европската Комисија на новинарско прашање за време на дневниот брифинг во Брисел.

-Комисијата никогаш не коментира бизнис одлуки, посебно кога се во тек, она што е важно е правилата на уредбите на Актот за дигитални услуги и на дигиталниот пазар кои ги уредуваат и социјалните платформи, во заедничкиот пазар тие се истите правила за сите платформи, и не е важно кој колку поседува сѐ додека ги следат правилата, изјави Јоханес Барке, портпарол на Европската Комисија.

Советот и Парламентот на ЕУ викендов постигнаа политички договор за законодавството за дигитални услуги, познато како ДСА. Овие нови уредби воведуваат правила за работата на сите платформи и чинители на интернет и има за цел на корисниците да им донесе поголема контрола и транспарентност, а платформите да се соочат со отчетност, заштита на корисниците и заштита на слободата на изразување.

ДСА истовремено е фокусиран и на регулирање на нелегалните и штетните содржини на интернет, во овие категории спаѓа и дезинформацијата. Платформите ќе имаат обврска да вршат проценка на ризикот.