Експерти за човекови права на ОН денеска ја повикаа Русија да дозволи затворениот опозициски лидер Алексеј Навални да биде префрлен во странство заради лекување, нагласувајќи дека сметаат оти животот му е во опасност.
Навални е во затвор во тешки услови и „му беше забранет пристап до соодветна медицинска нега“, а ваквите услови може да се сметаат за тортура, се вели во соопштението.
– Ги повикуваме руските власти да обезбедат Навални да има пристап до своите лекари и да биде евакуиран за итно лекување во странство, како што беше случајот во август 2020 година, велат експертите на ОН.