петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експерти за деминирање од Камбоџа ќе обучуваат Украинци

Експерти за деминирање од Камбоџа ќе обучуваат Украинци

Експерти за деминирање од Камбоџа ќе обучуваат украински воени инженери.

Премиерот на Камбоџа, Хун Сен информираше дека ќе испрати специјалци во Украина во соработка со Јапонија.

Генералниот директор на Центарот за деминирање на Камбоџа, Хенг Ратана појасни дека неговата агенција ќе ја испрати првата група во Украина во почетокот на декември, а втората може да биде испратена во првиот квартал од 2023 година.

Камбоџа во светот е позната како една од земјите со најмногу мини, по речиси 30 години војна што заврши во 1998 година.

Оттогаш се пронајдени и уништени голем број мини, како и други неексплодирани средства, што значително го намали бројот на жртви.