сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлодира цистерна на Хаити, над 50 лица загинаа (ВИДЕО)

Експлодира цистерна на Хаити, над 50 лица загинаа (ВИДЕО)

Најмалку 54 лица загинаа при експлозија на цистерна што превезувала бензин во Кап Хиена, вториот по големина град на Хаити, соопштија властите на таа земја.

Според податоците на Агенцијата за цивилна заштита, десетици се повредени и тие се во болница. Медицинските власти упатија јавен апел до граѓаните да дојдат и да даруваат крв за повредените.

Премиерот на Хаити Ариел Анри се огласи на својот Твитер профил по повод оваа трагедија, јавува Си-Ен-Ен.

– Со очај ја примив веста за експлозијата синоќа што се случи во Кап Хиена, во која загинаа десетици граѓани, а причинета е поголема материјална штета – напиша тој.

Локалните власти соопштија дека спасувачките служби се на терен и дека прават се за да ги спасат граѓаните.