недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлозии во Киев и во други делови на Украина, Путин најави „воена операција“

Експлозии во Киев и во други делови на Украина, Путин најави „воена операција“

Дописникот на Би-Би-Си во Киев објави дека слушнал пет до шест „далечни експлозии“ во Киев, и вели дека има извештаи за експлозии на други места во земјата.

Локалните медиуми јавуваат дека пукотници се слушнале во близина на главниот аеродром Бориспил во Киев.

Експлозии можат да се слушнат за време на јавувањето во живо на репортерот на Си-Ен-Ен од Киев.

Според Ројтерс, експлозија се слушнала и во Русија, во близина на украинската граница.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно најави воена операција во Украина, тврдејќи дека има за цел да ги заштити цивилите.

Во телевизиско обраќање, Путин рече дека акцијата доаѓа како одговор на заканите кои доаѓаат од Украина. Тој додаде дека Русија нема цел да ја окупира Украина. Путин тврди дека одговорноста за крвопролевањето е на украинскиот „режим”.

Путин ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање во руската акција ќе доведе до „последици кои досега не се видени”.

Тој ги обвини САД и нивните сојузници дека го игнорираат барањето на Русија да ја спречи Украина да влезе во НАТО и да и понуди на Москва безбедносни гаранции.

Тој рече дека руската воена операција има за цел да обезбеди „демилитаризација” на Украина. Путин истакна дека сите украински војници кои ќе го положат оружјето ќе можат безбедно да ја напуштат зоната на борба.

Путин додава дека судирите меѓу украинските и руските сили се „неизбежни” и оти тоа е „само прашање на време”, пренесува Би-Би-Си.

Само неколку минути претходно, потсекретарот на ОН предупреди дека воената ескалација ќе доведе до „неприфатливо висока цена, човечко страдање и уништување”.

Во тек е итна седница на Советот за безбедност.

ДОПОЛНИТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ

Протести и пред руската амбасада во Софија

ВИДЕО: Руски војници им даваат цигари на заробени и крвави Украинци

Се урна руски авион со воена опрема, загина екипажот

УНХЦР изрази сериозна загриженост за ситуацијата во Украина

Патријархот Кирил: Сите страни во конфликтот да избегнат цивилни жртви

Протест пред руската амбасада во Тирана

Зеленски: Украина не сака војна, туку мир

Бајден: Г7 се согласиле за „разорни пакети санкции“ против Русија

Русите влегле во Чернобил, Украинците ги даваат своите животи да не се повтори трагедијата: Ова е објава на војна против цела Европа!

Министерство за одбрана на Украина објави слики од заробени руски војници – eден од нив е роден во 2002 година (ФОТО)

Срцепарателни сцени: Украинка лице в лице со руски војник (ВИДЕО)

Кличко: Јас сум борец, не се плашам за себе – се плашам за милиони луѓе во Киев

Мишел ја повика Белорусија да не учествува во деструктивната акција во Украина

Киев воведува полициски час

Драматичен апел на Бразилците од Шахтјор и Динамо: Помогнете ни да побегнеме од тука

Украина испрати список со барања до ЕУ – меѓу нив и казна за Белорусија

Си-Ен-Ен: Русите го зазедоа аеродромот „Антонов“ кај Киев

Цената на војната ја плаќаат и други: Погоден турски товарен брод во Црното море

Првите американски војници пристигнаа во Летонија за да го зајакнат источното крило на НАТО

Ердоган за рускиот напад во Украина: Тежок удар за мирот, просперитетот и стабилноста на регионот

Орбан го осуди рускиот напад, Унгарија подготвена да прими бегалци од Украина

Министерката Петровска ја осуди воената агресија на Русија врз Украина

ГШ на украинската армија: Русија до 13 часот извела повеќе од 30 напади

Литванија прогласи вонредна состојба

Рама: Нашите мисли се со украинскиот народ

ФОТО: Што значи симболот „З“ на руските тенкови и воената опрема?

Сведоштво на Македонец во Украина: Се слушаа и експлозии, останавме без леб

НАТО го активира одбранбениот план: Се распоредуваат сили за реагирање

УКРАИНЦИТЕ ПОТВРДУВААТ Објавено видео од пад на руски воен авион (ВИДЕО)

Совет на Европа: Ова е мрачен час за Европа

Нападнат воениот аеродром во близина на Киев

Русија тргна на пробивање на државната граница во Житомирската област

Бербок: Се разбудивме во еден поинаков свет

Македонија се придружува кон ЕУ со санкциите кон Руската Федерација

Над 50 загинати во првите часови од нападот на Русија над Украина, меѓу нив и цивили

ВИДЕО: Руски борбени авиони го надлетуваат Киев

Џонсон повика на итен состанок на НАТО: „Ова е катастрофа“

Постигна гол и го бакна грбот на Украина, па испрати јасна порака до цел свет!

Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност за Украина

Зеленски побара помош од светските сили за одбрана на воздушниот простор на Украина

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија

Лукашенко се огради од Путин: Белоруските војници не учествуваат во нападот на Украина

Украина ги повикува своите граѓани: Секој кој е способен да држи оружје да се приклучи во одбрана на земјата

Мапа на небото над Европа: Никој не лета преку Украина

Излезот од Киев целосно блокиран – граѓаните масавно го напуштаат градот

Украински извори: Еден загинат, еден повреден во Киев, вкупно девет жртви досега

ОБСЕ со осуда за руската воена акција во Украина, повикува на итен прекин на воените активности

Украина бара од турските власти да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови

Москва: Сузбиена воздушната одбрана на Украина

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – граната погоди човек на велосипед, а безбедносните камери го снимија моментот кој не е за тие со слабо срце

Зеленски: Воена состојба се воведува низ целата територија на Украина, цивилните граѓани да останат дома!

Од сон станаа и се спакуваа – хаос во метрото во Киев, луѓето со солзи во очите очајно бараат да заминат од градот (ФОТО)

ЕВЕ КОИ МЕСТА СЕ ГРАНАТИРАНИ ЗАКЛУЧНО СО 7 ЧАСОТ УТРОВО – нападите започнале утрово пет часот!

Киев го затвори за цивилни летови воздушниот простор над државата

„Не можам да објаснам што е тоа“ – новинар утрово во 04 часот се јави во живо од Украина, будните граѓани цела ноќ ги снимаа нападите (ВИДЕО)

Киев: Украина е под постојан кибер напад

Цената на нафтата се искачи на 100 долари за барел поради ескалацијата во Украина