среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлозија во Абу Даби: Одекнуваат сирени, американската амбасада објави предупредување (ВИДЕО)

Експлозија во Абу Даби: Одекнуваат сирени, американската амбасада објави предупредување (ВИДЕО)

Тимови на цивилната одбрана го изгаснале пожарот кој бил предизвикан од експлозија на плинска боца во една зграда во Абу Даби, објави државната агенција. Во пожарот, како што јавува Ројтерс, нема повредени.

Се наведува дека експлозијата се случила на улицата Хамдам каде се одржува Светското клупско првенство во фудбал.

На снимки објавени на социјалните мрежи се забележува моментот на експлозијата.

АП потсетува дека движењето Хути изведе неколку напади на Абу Даби и дека неодамна во еден од тие напади загинаа три лица, а шест беа ранети.

Американската амабасада објави предупредување по повод „извештај за можен ракетен напад или напад со дрон“.