Експлозија во хемиска фабрика во северниот дел на Илиноис денеска предизвика огромен пожар и висок густ црн чад, по што беше наложена евакуација на областа.
Екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот во 7:30 часот изутрина по локално време во близина на Роктон, северозападно од Чикаго, во компанијата „Кемтол“, компанија што произведува лубриканти и други течности.
Луѓето се евакуираат од домовите и компаниите и чекаат дополнителни упатства.
Засега нема информации за повредени во инцидентот.