Околу 25 лица рано утрово се пренесени в болница по експлозија во станбена зграда во шведскиот град Гетеборг, објавија локалните медиуми.
Шведската полиција на својата веб-страница објави дека започнала со евакуација на луѓето кои живеат во таа област.
25 injured and more than 100 evacuated after explosion in Sweden https://t.co/JuE2Dwhuoy via @MailOnline
— 🔱Angie🧚♀️ (@angielovesuk) September 28, 2021
Полицијата соопшти дека отворила истрага за инцидентот, иако засега нема осомничени.
Службите за итна помош соопштија дека работат на евакуација на станарите и гаснење на пожарот во зградата.
– Зафатени се неколку станови и скалите во зградата. Во моментов не е познато што ја предизвикало експлозијата, соопштија итните служби за пошироката област на Гетеборг. (МИА)