Еквадорските власти ќе продолжат да го заштитуваат основачот на веб-страницата „Викиликс“ Џулијан Асанж., соопшти еквадорското Министерство за надворешни работи.
– Еквадорската влада ќе продолжи да обезбедува меѓународна заштита на граѓанинот Џулијан Асанж се додека веќе нема да има закана по неговиот живот. Таа одлука ќе се донесе согласно уставните барања за заштита на човековите права и меѓународните договори за таа област, потпишани од државата, соопшти Министерството за надворешни работи на Еквадор.
Лондонскиот суд вчера не најде основа да го задоволи барањето на Асанж за укинување на меѓународната потерница за негов притвор. Судот повторно ќе се занимава со барањето на 13 февруари.