понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела

Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела

Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг.

Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си.

Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила.