петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ел-Калут: Бегалскиот камп Џабалија во Газа е целосно уништен во израелските бомбардирања

Директорот на управата за цивилна заштита во Газа, Ахмад ел-Калут денеска изјави дека бегалскиот камп Џабалија е целосно уништен поради израелското бомбардирање. Во нападот, како што соопшти Хамас, загинаа најмалку 50 лица.

-Овие згради се дом на стотици луѓе. Окупациските воздухопловни сили ги уништија со шест бомби од американско производство. Ова е најновиот масакр што го изврши израелскиот агресор во Појасот Газа, изјави Ел-Калут за новинарите пред болницата Кан Јунис, пренесува Ал Џезира.

Тој ја повика меѓународната заедница веднаш да дејствува за да го запре Израел, „пред да биде предоцна“.

Властите на Хамас изјавија дека во израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп загинале или биле повредени околу 400 луѓе, меѓу кои и голем број жени и деца.

Од индонезиската болница во Газа велат дека постојано се брои бројот на жртвите. Болницата утревечер целосно ќе биде затворена поради недостиг на гориво, изјави директорот на болницата.