сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЕМА разгледува вакцинација на деца под петгодишна возраст

ЕМА разгледува вакцинација на деца под петгодишна возраст

Фармацевтската компанија Модерна побарала од Европската агенција за лекови, ЕМА, да ја разгледа можност за употреба на нејзината вакцина кај деца под петгодишна возраст против Ковид-19.

Ова денеска го соопшти Марко Кавалери, задолжен за стратешка вакцинација во Агенцијата.

-Започнавме со проценката на барањето на Модерна да се прошири употребата на Спајквакс кај деца меѓу шест месеци и пет години и ова е прво барања за оваа возрасна група, изјави тој.

ЕМА одобри употреба на вакцините на Модерна кај деца од шест годишна возраст, сега за прв пат ќе се испитува употребата кај бебиња и мали деца.

Децата обично го прележуваат вирусот полесно од возрасните, но можат повеќе да го пренесуваат. (МИА)