Европскиот парламент денеска ќе расправа на вонредна седница во Брисел за одлуките на Европскиот совет за буџетот на ЕУ до 2027 година.
Европратениците се очекува да ги изнесат своите ставови за претстојните разговори во резолуција за која ќе се гласа попладне.
Претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли, објасни вчера дека европратениците ќе бидат подготвени да почнат преговори со Советот на ЕУ и Европската комисија наесен. Според него, мнозинството во ЕП ги поддржува одлуките на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ.
Тој истакна дека појаснувањата за распределбата на буџетските ресурси и поврзаноста на нивната распределба на владеењето на правото во европските земји се уште се во очекување.
ЕП, кој го има последниот збор во буџетските преговори, е генерално задоволен од постигнатиот компромис на ниво на земјите членки на ЕУ, но остануваат три „важни теми“ на кои оваа институција ќе инсистира, најави Сасоли.
Станува збор за управувањето со Фондот за закрепнување, сопствените буџетски ресурси на ЕУ и суштински прашања за самата седумгодишна буџетска рамка.