недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ербас“ доби нарачка за 80 авиони од Сингапур

„Ербас“ доби нарачка за 80 авиони од Сингапур

Европскиот производител на авиони „Ербас“ денеска соопшти дека компанијата добила нарачка од 80 авиони „А-320“ од азиската фирма „БОЦ авијација“.

Од нив, 20 се стандарден „A-320 нео“, 50 од подолгиот „A-321 нео“ и 10 од поновата верзија за долги релации „A-321-ХЛР“. Според БОЦ, авионите се планирани за испорака меѓу 2027. и 2029 година.

Авионската компанија со седиште во Сингапур е дел од Банката на Кина.