Европскиот производител на авиони Ербас најави дека до 9 април ќе затвори најголем дел од своите производствени капацитети во Шпанија поради пандемијата со Ковид-19.
– Обезбедувањето, ИТ и инженерскиот сектор ќе останат активни заедно со клучните позиции кога станува збор за комерцијалните летови, хеликоптери и одбрана, се наведува во соопштението на Ербас.
Таквата мерка уследи само една недела по паузата во производството, што компанијата го искористи да ги имплементира неопходните здравствени и безбедносни мерки.
Ербас исто така го намали производството на крила во погоните во Бремен, во Фултон и во Бротон.