Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Саудиска Арабија да ја открие локацијата каде што се наоѓа телото на убиениот новинар Џамал Кашоги, предупредувајќи дека Турција има повеќе информации за случајот отколку што објави до сега.
Ердоган, исто така, рече дека Ријад треба да го објави идентитетот на „локалниопт соработник“ кој, наводно, го презел телото на Кашоги од саудиските агенти, откако новинарот бил убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври.
Во обраќање пред членовите на неговата Партија за правда и развој во Парламентот, Ердоган информира дека главниот обвинител на Саудиска Арабија шеикот Сауд ал-Муаџиб, во недела ќе пристигне во Турција во рамките на истрагата за убиството на Кашоги.
Ал Муаџиб ќе разговара со неговите турски колеги, а со истанбулскиот обвинител ќе се сретне уште во недела.
Ердоган истакна дека Турција има и други „информации и докази“ за тоа дека саудиски функционери го убиле Кашоги во Конзулатот во Истанбул и оти на крајот ќе ги објави тие информации.
МИА