среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции погодени од земјотресот

Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции погодени од земјотресот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска прогласи тримесечна вонредна состојба во 10 југоисточни провинции погодени вчера од силниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе.

„Одлучивме да прогласиме вонредна состојба за да се осигураме дека нашата (спасувачка и опоравувачка) операција може да се изврши брзо“, рече Ердоган во телевизиско обраќање.