Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше позитивен на тестот за ковид-19 во саботата, се опорави и сега има негативен тест, изјави неговиот лекар. „ПЦР тестовите беа негативни во последните два дена. Мислам дека претседателот може да продолжи со редовните активности“, рече турскиот главен медицински директор Серкан Топалоглу. Првата дама Емина Ердоган, која исто така беше позитивна, сè уште има благи симптоми, додаде докторот. Ердоган, кој на крајот на месецот ќе го прослави својот 68 роденден, во јуни ја прими третата доза вакцина. Топалоглу рече дека целосната вакцинација му овозможила на претседателот да ја надмине таа епизода без грижи.
Турција, со население од околу 85 милиони, има регистрирано околу 12 милиони случаи на ковид-19 и речиси 90.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата, според официјалната статистика. Почнувајќи од јануари, земјата бара седумдневна изолација за лицата кои се тестирале позитивно на вирусот со можност за карантин доколку тестот биде негативен петтиот ден. Бројот на новозаразени лица секојдневно се зголемува во Турција во последните недели, надминувајќи 100.000, а властите тоа го припишуваат на новиот вид омикрон. Според официјалните податоци од саботата, 52,5 милиони Турци ја примиле втората доза од вакцината, а над 25 милиони ја примиле третата засилена доза, додека властите се уште бараат вакцинација.