Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека трпеливо чека објаснување од саудискиот принц Мохамед Бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Ердоган рече дека снимката од убиството која Турција го сподели со други држави е толку ужасна што еден саудиски разузнавач кој ја преслушал снимката смета дека убиецот бил под дејство на хероин. Турскиот претседател вели дека саудискиот принц ги уверил дека ќе го расветли убиството и ќе го направи она што е неопходно.
Кашоги влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври и оттаму никогша не излезе. По повеќедневни притисоци официјален Ријд им дозволи на турские истражни тимови да влезат во зградата на Конзулатот. Откако стана јасно дека дописникот на „Вашингтон пост“ со саудиско потекло веќе не е жив, Ријад призна дека Кашоги е мртов и оти тоа се случило при несреќни околности при испитувањето во Конзулатот. Ријад наводно не знаел за акцијата на специјалците кои со намера да го натераат Кашоги да се врати во Саудиска Арабија дошле во Турција на денот кога тој бил во Конзулатот, а истата вечер го напуштиле Истанбул.