Естонија ги повика своите граѓани да дадат ДНК податоци од крвта и да се согласат тие податоци да останат сочувани во „естонска биобанка“.
Станува збор за експеримент со цел минимизирање на ризици од заболувања и поттикнување здрав начин на живот со персонализирани извештаи врз основа на добиени податоци.
Шемата за бесплатно генетско пофилирање е покрената во март и во почетокот ќе бидат земени предвид 100.000 доброволци во таа држава со население од 1,3 милиони жители.
ДНК примероците ќе бидат анализирани во повеќе од 600 илјади генетски варијанти поврзани со вообичаени болести – срцеви заболувања, дијабетес и рак. Матичните лекари потоа ќе ги известат учесниците во проектот за резултатите од анализите.
Естонската Влада за тој проект оваа година одвои пет милиони евра.