четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ бара казни за Унгарија поради нејзината политика за азил

ЕУ бара казни за Унгарија поради нејзината политика за азил

Европската комисија денеска соопшти дека ќе побара казна за Унгарија пред Судот на правдата на ЕУ бидејќи не ги изменила процедурите за азил согласно судската пресуда и препорача долгорочни финансиски казни се додека Будимпешта не ја испочитува одлуката.

ЕК во соопштението наведе дека Унгарија досега не разгледала неколку аспекти на пресудата.

Конкретно, Унгарија не ги презеде неопходните мерки за да обезбеди ефикасен пристап до процедурата за азил, се вели во соопштението.

Таа не ги појасни ниту условите во врска со правото на останување на територијата во случај на жалба во постапка за азил, се додава во соопштението.

Барањето следува откако судот на ЕУ во декември пресуди дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ со тоа што им забранувала на луѓето да влезат во земјата без дозвола да аплицираат за азил и незаконски ги задржувала во „транзитни зоните“ на нејзината граница со Србија.

Комисијата денеска побара од судот на ЕУ да и изрече казна на Унгарија во форма на паушал и дневна парична казна.