недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ денеска ги отвора границите, за Македонија се уште остануваат затворени

ЕУ денеска ги отвора границите, за Македонија се уште остануваат затворени

Советот на ЕУ ја усвои препораката за укинување на привремените ограничувања за патување во ЕУ за граѓаните на 15 држави од целиот свет, но, исто така, предупреди дека примената на оваа препорака е исклучиво во надлежност на земјите-членки.

Советот на ЕУ потенцира дека препораката нема законски карактер и дека земјите-членки се „одговорни за спроведување на содржината на препораката“, што практично значи дека на граѓаните на 15-те земји на списокот автоматски и под исти условите не им е дозволен влезот во сите земји-членки на ЕУ.

„Земјите-членки можат, на транспарентен начин, постепено да ги зголемуваат патните ограничувања само за наведените земји. Тие не треба да решаваат да ги укинат патните ограничувања за оние земји што не се на списокот пред да се постигне координиран договор“, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Ова практично значи дека на граѓаните на државите на списокот автоматски и под истите услови не им е дозволено да влезат во сите земји-членки на ЕУ.

Чешка веќе сооопшти дека ќе ги отвори своите граници само за осум земји од оваа листа, а за Србија и Црна Гора дури и „без ограничувања“, односно без тестови и карантин.

Од друга страна, Германија допрва треба да одлучи дали и под какви услови ќе дозволи влез на граѓаните од државите од „договорениот список“.

На списокот на земји што од денеска ќе им бидат отворени границите за влез во ЕУ се Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја. , Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Советот на ЕУ потенцира дека овој список ќе се ажурира на секои две недели во согласност со најновите епидемиолошки податоци.