четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ е подготвена да го замрзне имотот на Путин и Лавров

ЕУ е подготвена да го замрзне имотот на Путин и Лавров

Европската унија се подготвува да го замрзне имотот на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како дел од спроведувањето на третата рунда санкции, пишува Фајненшл тајмс.

Министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево планираат да воведат нови санкции кон Русија, заедно со голем број мерки против руските банки и индустријата.

Со овие мерки нема да се забрани патување на Путин и Лавров, што, како што нагласува Фајненшл тајмс, ја покажува подготвеноста на Европската унија да ги држи отворени симболично дипломатските можности.