Вработените во Агенцијата на ЕУ за гранична и крајбрежна заштита (Фронтекс) биле вклучени во прикривањето на „пушбек“, односно грчката полиција присилно ги истуркувала од своја територија, се вели во извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).
Грчката полиција насилно ги протерувала илегалните мигранти во Турција.
Во извештајот се наведува дека вработените во Фронтекс прикривале кршење на „фундаменталните права“ на луѓето и не успеале да ги истражат инцидентите и да постапат правилно.
Германските медиуми денеска го објавија извештајот на ОЛАФ од 120 страници.
„На овој начин тие ја попречија способноста на Фронтекс целосно да ги исполни своите должности, односно да обезбеди заштита и унапредување на основните права“, се наведува во извештајот.
Насилното враќање на луѓето преку меѓународна граница без да се проценат нивните права да аплицираат за азил или други форми на заштита ги прекршува и меѓународното и правото на ЕУ.
Истражителите на ОЛАФ го напишаа извештајот врз основа на медиумски извештаи, документи од Фронтекс, Европската Комисија и интервјуа со 20 сведоци.
„ОЛАФ, врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, заклучува дека наводите се потврдени“, се вели во извештајот.
Фронтекс и грчката полиција засега не коментираат.