Израелските воени сили уништија училиште во Масафер Јата на 23 ноември, на палестинска територија, Европската Унија изрази жалење.
Уривањата на објекти и куќи на палестинска територија се нелегални според меѓународното право.
ЕУ потсетува дека образовните институции и училиштата мораат да бидат посебно почитувани.
-Овој неприфатлив настан се случува кога 1200 Палестинци во Масафер Јата се под закана на насилен трансфер по одлуката на израелскиот врховен суд во мај, и се случува во контекст на растечки насилна и застрашувачка средина за палестинските резиденти на Масафер Јата, изјави Европската Унија преку дипломатската служба.
Се потсетува и дека наставниците и хуманитарните работници се соочуваат сѐ почесто со рестрикции.
ЕУ го повикува Израел да стави крај на уривањата и протерувања кои “само го зголемуваат страдањето на палестинското население“ и водат кон дополнителна ескалација на тензиите. (МИА)