недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ го повлече грантот од 28 милиони евра за пристаништето Драч

ЕУ го повлече грантот од 28 милиони евра за пристаништето Драч

ЕУ се повлекува од проектната инвестиција за пристаништето Драч, грант од 28 милиони евра наменет за поддршка на проектот за реконструкција  на дел на терминалот во ова најголемо албанско пристаниште, јави Топ чанел.

Додава дека на официјалната веб-страница на „Инвестициската рамка на Западен Балкан“, овој проект веќе има статус „откажан“.

-Во описот на проектот на оваа страница, инвестицијата финансирана од ЕУ би овозможила зголемување на преработувачките капацитети на бродовите, зголемување на проектираната длабочина со цел закотвување на бродовите со голема тонажа како и зголемување на стабилноста на кејовите за високи тонажи, наведува телевизијата.

Пристаништето Драч моментално  третира околу 90 отсто од поморската размена на земјата во тонажа и 53 отсто од целата меѓународна трговија.

-Терминалот има вкупно пет столбови и има површина од 92.680 квадратни метри. Столбовите 1 и 2 се во лоша состојба. Првиот е изграден во 1972 година, а вториот помеѓу 1945 и 1951 година. Извршена е одредена рехабилитација во 1994 година. Сепак, подводните структурни елементи покажуваат знаци на значителна корозија, што го спречува безбедното работење на големите товарни капацитети, наведува истиот извор.

Со проектот требало да биде  рехабилитирана и железничката врска помеѓу Тирана и Драч, како дел од коридорот на основната транспортна мрежа, зајакнување на врските на Албанија со Хрватска и Италија. Покрај тоа, тоа ќе им било овозможено на Косово и на Северна Македонија пристап до поморските транспортни рути,  стои во описот на проектот, од кој ЕУ веќе се повлече.

Откажувањето на проектот доаѓа кога се очекува албанскиот Парламент денеска по итна постапка, со просто мнозинство,  да го изгласа договорот за новиот проект за трансформација на пристаништето Драч.

Проектот на кој опозицијата остро се спротивстави, сметајќи го за мега корупциска афера, веќе до испрати до Уставниот суд.

Дополнително, поради раскинати договори за концесии на Драч, Албанија е пред казни со  милионски износи. (МИА)