Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и британскиот премиер Борис Џонсон потврдија дека е постигнат договор за излегување на Велика Британија од Европската Унија.
Јункер и Џонсон, договорот за Брегзит го потврдија и на Твитер.
-Добивме нов договор кој ни ја враќа контролата. Сега се чека уште парламентот да го излага договорот за Брегзит во сабота како би можеле да преминеме на останатите приоритети како што се трошоците за живот, насилниот криминал и нашето опкружување, напиша Џонсон.
Се огласи и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.
-Таму каде што постои желба, постои и договор. Го имаме! Тоа е правилен и израмнет договор за ЕУ и Велика Британија и доказ за нашата посветеност за изнаоѓање на решение, напиша Јункер.
????? Where there is a will, there is a #deal – we have one! It’s a fair and balanced agreement for the EU and the UK and it is testament to our commitment to find solutions. I recommend that #EUCO endorses this deal. pic.twitter.com/7AfKyCZ6k9
— Jean-Claude Juncker (@JunckerEU) October 17, 2019