среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ и „Филипс“ потпишаа договор за набавка на респиратори

ЕУ и „Филипс“ потпишаа договор за набавка на респиратори

Холандскиот производител на електронски уреди „Филипс“ потпиша договор со Европската унија за купување респиратори за болници во Европската унија, соопштија денеска портпароли на ЕК и на компанијата.

– Можам да потврдам дека Филипс потпиша рамковни договори со Европската комисија за снабдување со респиратори во согласност со заедничката спогодба за набавки на ЕУ, рече портпаролот на Филипс.

Запрашан за договорот со Филипс, портпарол на Европската комисија потврди дека биле склучени договори со холандската компанија и други, но одби да ги именува другите компании што победиле на тендерот затоа што постапките се уште не биле завршени. Тој одби да ја коментира цената.

Европската комисија во март почна заедничка програма за набавка на медицинска опрема во име на 25 земји од ЕУ, преговарајќи и потпишувајќи нацрт договори со добавувачите. После тоа, владите можат да испраќаат порачки. Заедничката јавна набавка на респиратори за ЕУ беше покрената на 17 март.