петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Дваесет и седум членки на ЕУ вечерва им доделија кандидатски статус на Украина и на Молдавија, објави во Брисел претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, нарекувајќи ја одлуката „историски момент“ во екот на руската агресија.

„Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ ​​на Украина и Молдавија. Историски момент“, напиша претседателот на Европскиот совет на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, нарекувајќи ја „единствен и историски момент во билатералните односи“.  (МИА)