четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас Јагли Зејтини“.

Станува збор за трпезни маслинки со црно-виолетова боја од сортата „Мемеџик“ одгледувани во реонот на Милас во југозападна Турција, ферментирани во саламура и конзервирани во маслиново масло произведено од истата сорта со свежи парчиња лимон.

Специфичноста на маслинките е условена од климатските услови во регионот во кој растат, а конзервирањето во маслиновото масло и лимон ги подобрува нивниот природен вкус и арома.

Маслинките „Милас Јагли Зејтини“ станаа 1654 земјоделски производ на листата на стоки на ЕУ со ознака за заштитено потекло.  (МИА)