Европската Комисија координира нова испорака на помош за Украина соочена со разурната енергетска инфраструктура.
Станува збор за итна помош и за енергетска опрема преку Цивилниот механизам за заштита на ЕУ, во износ од 450 милиони евра, кои доаѓаат после веќе испорачани 523 милиони евра хуманитарна помош од почетокот на војната.
Опремата се состои од енергетска помош како и прва помош, заштитна облека, опрема за противпожарна, камиони и автобуси за вода. Сите земји на ЕУ учествуваат.
ЕУ исто така координира медицинска евакуација на ранети Украинци во европски болници.
Се испраќа и хуманитарна помош за ранливи категории на граѓани во Херсон како хигиенски пакети, вода, храна и други клучни предмети за домаќинставата.