среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ ќе отвори истрага за кинеските субвенции за електрични автомобили

ЕУ ќе отвори истрага за кинеските субвенции за електрични автомобили

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави истрага за субвенционирање на електрични возила што доаѓаат од Кина, јави ДПА.

Глобалните пазари се преплавени со евтини кинески електрични автомобили, рече фон дер Лајен, обраќајќи им се на пратениците во Европскиот парламент во Стразбур во годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“.

Нивната цена вештачки се одржува ниска поради „огромните државни субвенции“, рече таа, што доведува до нарушување на пазарот во ЕУ.

ЕУ не толерира нарушувања на пазарот ниту од внатре ниту од надвор од него, рече фон дер Лајен.

– Европа е отворена за конкуренција, а не за трка до дното, рече таа.

Во исто време „од витално значење е да се задржат отворените линии на комуникација и дијалог со Кина“, додаде Фон Дер Лајен.